Press "Enter" to skip to content

Стотина битолчани од сите возрасти на “Градскиот – пелистерски велеслалом“ се натпреваруваа во шест категории (фото)

Одложениот “Градски Пелистерски велеслалом“ кој требаше да се одржи измината недела се одржа денес, на ски-патеката “Бегова – Копанки“, во организација на ски клубот Пелистер од Битола, и на него се пријавија и се натпреваруваа стотина битолчани од сите возрасти, како и најави организаторот, по сончево време и одлично подготвена скијачка патека.Натпреварувачите – скијачите од Битола од сите возрасти без разлика дали се професионалци или рекреативци, повремени или скијачи кои секојдневно се скијаат, организаторот ги подели во шест категории.-Како и најавивме пред десетина дена ние, скијачкиот клуб како организатори заедно со хотелот “Молика“ и скијачката федерација, денес го одржавме одложениот “Градски Пелистерски велеслалом“. Иако очекувавме интерес, сепак тоа што се пријавија околу стотина битолчани, за нас е мотив повеќе да ја продолжиме традицијата на “Пелистерскиот велеслалом“ не само за професионални натпревари, туку и за аматерски, како што беше денешниот, велат од ски клубот Пелистер.Најинтересни беа натпреварите на скијачките ветерани, а победници по категории се: 

Ветерани – мажи родени до 1983 година – ВЕТЕРАНИ: прво место – Војо Атанасовски, второ место – Александар Кесковски и трето место Зоран Димовски.

Ветерани – жени родени до 1983 – ВЕТЕРАНИ: прво место – Весна Марковска, второ место – Христина Ристовска, трето место – Маргарита Видевска.Машки од 1983 до 2007: прво место – Марјан Нашоку, второ место -Ѓуро Ристевски, трето место  – Томче Петровски.

Жени од 1983 до 2007: прво место – Јелена Јовески, второ место – Стефанија Талевска, трето место – Марија Нешевска.Мажи 2008 и помали: прво место – Христијан Мицевски, второ место – Јаков Мицевски и трето место – Огнен Тодоров.

Жени 2008 и помали: прво место – Ангела Ристевска, второ место – Димитра Петровска, трето место – Матеа Нолева.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »