Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: прегазен пешак во Битола, со тешки повреди пренесен во болница,сообраќајни контроли

Седумдесет и осумгодишен битолчанец вчера бил прегазен од автомобил на крстосницата од улицата “Добривое Радосављевиќ“ и “Рузвелтова“ во Битола, во билтенот на МВР за овој настан се вели:

-Патничко возило „форд галакси“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 48 годишно лице  од Битола удрило во 78 годишен пешак од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 13.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 77 возачи, од кои 37 санкции се изречени на територија на Ресен, 19 на територија на Битола, 11 санкции на територијата на  Прилеп, 7 во Крушево и 3 санкции во Демир Хисар.