Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на КОВИД-19.
Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од Битола се 14.
До сега во Битола има 14.459 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 122 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица, нема од Битола.
Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.