Ранова – Пелистер 0:0
Екипата на Пелистер со бод се враќа од гостувањето во Тетово, каде играше без голови против екипата на Ренова, во рамките на 23. коло од Првата фудбалска екипа, и останува единствена екипи која во толку натпревари нема победа, а е на пат за испаѓање и преселување во Втората лига.
Екипата на Ренова во 8. минута имаше пенал, но Трајчевски го пофтати шутот и со помош на стативата ја сочува својата мрежа. Следуваат уште две шанси на тетовчани во 18. и 34 минута, а топката и во двете не заврши во голот на Пелистер.
Во второто полувреме Пелистер играше рамноправно, а можеше да се врати и со три бода по една контра, но Михаил Талевски не се снајде најдобро.
Во следното коло Пелистер во Битола ја пречекува екипата на Брегалница.