Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.
Стравот од војна го замени стравот од корона
Сведоци сме на новите предизвици што ги постави времето во кое живееме пандемија, воени конфликти, здравствена, економска криза и разни нестабилности кои предизвикуваат стрес, но и страв од гледање на сцени кои честопати ја замрзнуваат крвта. Додека за време на пандемијата стравот завладеа од непознатиот вирус и секој беше потенцијален „непријател“ кој можеше да не зарази со корона вирус. Стравувавме да се ракуваме, прегрнуваме… Дали да носам маска или не, каде, колку ме заштитува или не…? Дали да се вакцинирам или не? Постојано се боревме со страв и несигурност. Стравот кој навлегува во нас може да не одведе во непознати правци и еден од најголемите проблеми е токму повторното соочување со истиот.
Стравот од војна го замени стравот од корона
Со ескалација на нападите на Украина, закани со нуклеарен напад на земјите од запад, а кои секојдневно се шират донесоа тежина кај сите. Страв кој е опиплив и близу. Војната со застрашувачки слики на употреба на најсовремено оружје, бомбардирање, разурнувања, бегалци, мртви… тука се и црни сценарија за нуклеарна војна, глад и економска криза…
Некои од последиците се: загриженост, непријатни чувства, намалема концентрација и лош сон.Чувства на несигурност и страв
Освен страв за сопствената и сигурност на најблиските, вестите кои секојдневно ги гледаме можат да не натераат песимистички размислувања и предвидувања за црна иднина, глад… се вести што најчесто се шират и за кои пушуваат порталите. Бомбардирани сме со информации кои негативно влијаат врз сите нас. Сензационалистички вести и стравични слики од војната ги зајакнуваат емотивните состојби кај луѓето. Тоа најчесто се огледува во бројот на коментари, лајкови, споделувања. Тоа го знаат оние кои пласираат лажни вести. Ако постојано трагаме по објави кои воената состојба ќе ја прикажат од некој друг агол, нешто што досега не објавил ниту еден медиум, веројатно ќе налетаме на лажни вести (fakenews) кои може да стои промислена пропаганда или некоја личност која ги посакува нашите емотивни реакции.
Затоа ограничете се на медиуми кои сметате дека се сигурни и кои можете да ги проверите.
Профили и страници кои длабоко ве вознемируваат треба да ги блокирате.
Како да го постигнеме тоа кога постојано трагаме по вести и информации ?
Анксиозноста предизвикана од воената закана доведува до потреба за контролирање на ситуацијата Силната потреба за контрола доведува до т.н. лажно контролирање, а пример за тоа е постојано барање и следење на вести за воената криза.
Последица на тоа губење на рутина и додатно негативно влијание врз нашата состојба. Заради тоа потребно е да се концентрирате на работи кои можете да ги контролираме на пример: квалитетна исхрана, сон, да се поминува повеќе време со семејството, пријателите, разговатајте со нив за вашите чувства на несигурност. Анксиозноста е нормална човечка реакција на страв, таа може да ги оневозможи нормалните и конструктивни реакции во кризни состојби.Совети
Стравот е сосема нормален, но не треба да го задржуваме во себе. Споделете ја својата загриженост, чувство на страв…..
Споделете ги своие грижи со другите. Разговарајте за она што ве мачи.
Разговарајте со пријатели или личности кои се смирени, сталожени, разумни и да водиме разговори кои ќе не опуштат.
Да се избегнува она што негативно влијае на нашето емотивно и психичко здравје.
Но исто така НЕ би требало да се гледа реалноста црно бела.
Да одиме во крајност да гледаме се црно и лошо или да одиме во друга крајност и да „ставиме розеви наочари“ и да зборуваме дека не не засега и да ги потиснуваме непријатните чувства. Да не ја согледуваме реално ситуацијата. Додека светот се руши, ние танцуваме.
Можеме да го намалиме стресот или да избегнуваме теми, зборови, фрази, медиуми и луѓе кои во нас пробудуват стрес со предвидување на песимистички сценарија.
Ограничете го времето на конзумирање на вести и гледање информативни програми.
Ако стравувате за вашето ментално здравје, ако сметате дека ви е нарушен квалитетот на животот заради стравот кој ве преплавува – побарајте помош.
Ситуацијата на воена напнатост тешко ја поднесуваат личности кои и инаку се склони кон претерана загриженост, анксиозност и личности кои патат од посттрауматскo стресно пореметување.
Сепак најзначајно Прифатете ја несигурноста. Потполно е нормално да се чувствуваме несигурно. Прифатете ги и вашите емоции и колку што може трудете се да управувате со нив. Грижете се за себе правете се она што ве прави среќни. Дружете се, со личности кои ве исполнуваат со позитивни мисли и емоции.