Press "Enter" to skip to content

Трибина на Македонското научно друштво – Битола за енегретската ефикасност (фотогалерија)

Во салата за промоции во НУУБ “Св. Климент Охридски“ вечерва се одржа трибина во организација на Македонското научно друштво од Битола, на тема “Енергетска ефикасност предизвик за поквалитетен и одржлив развој на средината.Претседателката на МНД Битола, д-р Невена Груевска, која и ја отвори трибината рече дека организатор е Одделението за технички науки при МНД Битола, а трибината е актуелна поради светските состојби со енерегнесите, нивните зголемени цени од ден на ден и недостатокот кој се јавува, како и нивниот одраз врз целокупното работење на стопанските капацитети, снабдувањето со енергија, како и поврзаноста со животниот стандард на населението.Прв говорник на трибината беше проф. д-р Игор Неделковски, проректор на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, кој се осврна на приемената на информатичките науки во таканаречените паметни проекти “smart house“.Неделковски посочи дека вложувањата во вакви проекти во сите институции и домови не се трошок туку дел од проектот за штедење, а преку нив корисниците ќе се уверат во тоа колку и на кој начин ќе биде намалувањето на трошоците за енергија.На трибината зборуваа и три експерти кои се занимаат до оваа проблематика м-р Весна Неделковска, м-р Емилија Сарафска и дипл. машински инженер Горан Неделков, кои со презентации се обидоа на присутните да им ја појаснат оваа проблематика.На крајот присутните имаа можност да им поставуваат прашања на експертите.