Press "Enter" to skip to content

Денес 9. седница на Советот на општина Битола, на дневен ред 16 точки

Претседателот на Советот на Општината Битола, Габриела Илиевска, за денес во 1о часот ја свика 9. седница на Советот на Општината Битола, на која на дневен ред ќе се најдат 16 точки.

На денешната седница ќе се расправа за кварталниот извештај за извршување на Буџетот, завршната сметка и годишниот извештај на општината, за свикување на Собрание на ФК Пелистер, за донација за збратимениот град Кременчук во Украина, барање за отстапување на Детското одморалиште на Општина Битола. 

Предложен е следниот дневен ред:

1.Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за четвртиот квартал од 2021 година.

2. Завршна сметка на Општината Битола за 2021 година.

3. Годишен извештај на Општината Битола за 2021 година.

4. Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2022 година.

5. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Битола за 2022 година.

6. Измена и дополнување на Буџетскиот календар за 2022 година.

7. Програма за проширување на Програмата за јавни дејности (образование) на Општина Битола за 2022 година.

8. Одлука за обезбедени средства за надоместок за експропијација на недвижен имот за изградба на комунална инфраструктура во Општина Битола.

9. Одлука за свикување на Собрание на акционери на Акционерското друштво ФК ПЕЛИСТЕР АД Битола.

10. Одлука за прифаќање на противпожарна опрема за потребите на ТППЕ – Битола.

11. Решение за разрешување и именување на член во Управниот одбор како претставник од установата во ЈОУДГ „Естреја Овадија-Мара“ Битола.

12. Решение за разрешување и именување на член во Управниот одбор како претставник од установата во ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола.

13. Решение за предлагање на претставник од Општина Битола во Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битола.

14. Програма за проширување на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2022 година.

15. Иницијатива за поднесување Барање до Влада на РСМ за отстапување на Детско одморалиште Пелистер на Општина Битола, со цело негово рестартирање како јавно детско одморалиште со намена одмор и рекреација.

16. Иницијатива за донација на Хуманитарна помош за збратимениот град на Општина Битола Кременчук во Р.Украина.