Press "Enter" to skip to content

По којзнае кој пат по ред, се чистеа депонии на Баирот, кај Кркардаш

Во текот на денот, беше спроведена нова акција за чистење на дивите депонии во Битола, откако беа детектираните критични точки со габаритен смет од страна на локалната самоуправа и од пријавите на граѓаните, јавните претпријатија ја чистеа месноста наречена Кркардаш.Локалната самоуправа, како еден од најголемите приоритети во своето работење, го предвиде и чистењето на дивите депонии, кои за жал ја загадуваат животната средина, не само на територијата на градот, туку и во околните места, кои граѓаните ги користат како рекреативни катчиња.Координираните акции на градоначалникот и локалната самоуправа, во соработка со јавните претпријатија, продолжуваат континуирано, со цел да се расчистат веќе постоечките и да се превенира појавата на нови депонии.

More from ВестиMore posts in Вести »