Вчера, на 14 март 2022 година, во СВР Битола, жена на возраст од 70 години од село Долно Оризари, битолско, пријавила дека околу 22.00 часот во нејзината куќа, во село Долно Оризари, три лица физички ја нападнале и со закана кон нејзиниот сопруг на возраст од 64 години одзеле пари и мобилни телефони. Увид извршила екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14 март 2022 година на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 32 возачи, од кои 14 на територија на Ресен, 4 на територија на Битола, 6 санкции на територијата на Прилеп, 3 во Македонски брод и 5 во Демир Хисар. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.