Press "Enter" to skip to content

Уште два дена за пријавување за шаховскиот турнир “Державин 2022“

Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организира два турнири во шах ДЕРЖАВИН 2022. Турнирите ќе се одржат од 19.03.2022 до 20.03.2022 година во Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола, и тоа “А Турнир – ОПЕН“ и “Б Турнир – натпреварувачи“ со возраст до 16 години (родени 2006 и помлади) и рејтинг до 1800

Право на учество имаат сите шахисти со ФИДЕ код. Турнирите се пријавени во FIDE и ќе се рејтингуваат.

“А турнир“

-Се игра по Швајцарски систем од 9 кола, според Правилата на ФИДЕ за (Рапид) забрзан шах. Турнирот А ќе се рејтингува во ФИДЕ.

-Темпо на игра е 25 минути по играч со бонификација од 5 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот.

-Организаторот обезбедува шаховски комплети за сите учесници.

“Б турнир“

-Се игра по Швајцарски систем од 7 кола, според Правилата на ФИДЕ за стандарден шах. Турнирот Б ќе се рејтингува во ФИДЕ.

-Темпо на игра е 35 минути по играч со бонификација од 30 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот. Организаторот обезбедува шаховски комплети за сите учесници.

Награден фонд:

Организаторот обезбедува пехар за победниците на турнирите, медали и дипломи за возрасните категории до 8, 10, 12, 14, 16 години (В Турнир) и ОПЕН (А Турнир).

Вкупниот награден фонд изнесува 120.000 денари.

Пријавените учесници задолжително треба да го потврдат учеството на турнирот со своето присуство во салата за игра на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола, најдоцна до 11:30 часот на 19.03.2022. Организаторот го задржува правото за измени на распоредот за играње, за што натпревачувачите ќе бидат навремено известени.

Пријавување:

Рок на пријавување: 17.03.2022 година.Уписнина за учество на турнирот: 300 денари (5 евра). Уплатата може да се изврши онлајн или на следнава трансакциска сметка:

Примач: ПВУ МСУ,

Сметка: 200001929488684,

Банка: Стопанска Банка.

Од уписнина на турнирите се ослободени играчи со меѓународни шаховски титули.

За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на shahovski@msu.edu.mk.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »