Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно и релативно топло

Денес, среда, 16 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 14 степени.

Утре, четврток, 17 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени.