Press "Enter" to skip to content

Во Битола 17 нови позитивни на ковид-19, оздравени 14, активни 128 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.535 тестови, а регистрирани се 328 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 17.

Регистрирани сe 237 оздравени пациенти од Битола се 14.

До сега во Битола има 14.491 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 128 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице, нема од Битола.

Направени се 100 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 83 и преку “Плодност“ 17.

Досега во земјата се направени вкупно 1.928.498 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.224, бројот на оздравени пациенти е 291.144, на починати е 9.159, а бројот на активни случаи изнесува 1.921.