Press "Enter" to skip to content

Костантин Бојаџиев – Тино со пет победи, шампион во амерички пул билјард во дисциплина “9-ка“

Вториот мастерс во амерички пул билјард се играше во билијард клубот “Кај Петчи и Панчо“ во Битола, а натпреварувачите настапија во дисциплина “9-ка“.

За овој викенд да е во Битола и да биде битолски, во вистинска смисла на зборот, се потрудија нашите “А“ играчи и издоминираа на овој мастерс.

Најдобар на Турнирот и негов освојувач беше битолчанецот Костантин Бојаџиев – Тино кој со 5 победи од кој двапати минатогодишниот шампион прикажувајќи убава, стабилна и зрела игра.

Минатогодишниот победник во “Б“ дивизијата Димитар Симовски – Рашка и трет од минатиот турнир имаше два тесни порази и една победа со директен конкурент што го става на стабилно место во вкупниот пласман.Илче Трајковски повторно беше петти и останува во горниот дел на табелата но повторно излезе на виделина неговото паузирање кое во серија го чинат порази кога турнирот е во поодмината фаза.

Христо Василевски покажа игра која се очекуваше од него бидејќи е единствениот кој практикува суви тренинзи и го освои третото место со тесен резултат. Тој меч може да се рече дека беше и најдобар на турнирот и дава надеж дека билјардот во Македонија има перспектива бидејќи кога на битолчаните Рашка, Христо и Тео Тетовчаните Флорим и Премтим, сите се по околу 20 тина години, а тука е 12 годишниот Андреј Ѓурчиновски од Скопје успесите се загарантирани.

Со надеж дека ова ќе биде поттик за уште повеќе тренирање и посветување на билјардот за да Битола си остане и понатаму како квантитативно така и квалитативно на врвот во Македонскиот Билјард. За две недели следи Меѓународен турнир во Скопје на кој ќе настапат многу Битолски играчи.

За оние кој што помалку ги пратат збиднувањата во овој спорт вредно е да се спомене дека оваа игра е најиграна во процент кој изнесува добри 85 проценти.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »