Press "Enter" to skip to content

После ден-два сонце во март, расцутеа бадемите над Битола, над Бадем Балари и над Смилевски баир (фотогалерија)

Првата половина на годинашиот март ќе ја паметиме по потпросечните температури за овој месец, но и по голем број на денови во кои врнеше снег, но само по ден-два сонце се враќаме на убавите мартовски денови, но со “сонце со заби“, попладнево и до силен ветер.Но, и во вакви временски услови, убавата розева боја на расцутените бадени, ја има на ридовите над “Бадем Балари“ и над Смилевски Баир,  по што и овој дел на Битола го добил името, и над “Смилевски Баир“, како и над Кркардаш и “Св. Архангел Михаил“ е првиот показател дека за некој ден и календарски ќе бидеме во пролет.Иако сликата над Битола надополнета со снег кој го има под дрвјата и во осојните места, е неповторлива за овој период од годината, за средината на март.Малку потоплото време кое ја затопли Битола после последните снежни врнежи кои ги имавме оваа зима, а ќе ги имаме според прогнозите и деновиве, со повисоки температури на ридот над спроти сонце, придонесе да расцветаат бадемите.Но, за жал попладнево, кога и се направени фотографиите, само немолкумуна битолчани, кои можат да се избројат на прсти од една рака, уживаа во прекрасниот поглед на Битола, и во убавите цветни аражмани од розевите цветови и зимзелените дрва.Тие кои беа таму, само констаираа, а Никола рече:-Бадемите расцутеа после студот и снегот, на некој ден пред Кркардаш, а утре-задутре ќе бидат најубави. Добро е што снегот е во почетокот на месецот, кога нема многу цут по дрвјата, не само кај бадемите туку и кај останатите, а ако нема поголем студ во април, да ги “пресече“ цветовите, ќе јадема овошје, ако не ништо од тоа.Ние сме малкумина кои редовно шетаме горе над Кркардаш, а ридот кој цел ден со сонце е најубавиот дел од градот за рекреација. Уште се луѓето “уплашени“ од студот, но за некој ден ќе се зголеми бројот и ќе пешачиме повеќе, да уживаме на сонцето а тоа е лек, тоа е витамин “де“, а Ице додаде:-Е, да му беше оваа убавина во Швајцарија или Словенија, тука ќе вриеше од луѓе, а не вака,  некогаш да ти е страв да поминеш“ посебно пред зајдисонце, како денес. Гледате дека сме пет мина на цел рид од Бадем Балари до Раштани, а не пропушти да прокоментира и за машините и луѓето кои чистеа:-Ова што чистат долу е супер, но не знам дали ќе трае десет дена, да се видиме и да провериме заедно.С.Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »