Press "Enter" to skip to content

Учениците во основно да се ослободат од маските, без сертификати за влез во отворени простории…

Комисијата за заразни болести денес одлучи да препорача три нови мерки, кои ќе значат ублажување на ковид мерките. 

Првата препорака е отстранувањето на маските во основните училишта, односно носењето маски веќе не би требало да биде задолжително за основците, туку само за воспитно-административниот кадар од основните училишта. Протоколот за изолација доколку некој ученик е позитивен на Ковид-19, се предлага да остане ист.

Втората препорака е затворените средини како што се сали за венчавки, опери, театри, кина и други од 50 проценти од просторот колку што беше дозволен за пополнување, да се зголеми на 75 проценти.

Третата препорака е да не се бараат сертификати за вакцинација за влез во отворени простории.

Македонија останува во портокаловата зона на ризик од инфекција каде во моментов има 9,9 заразени со корона вирус на 100 илјади жители. Ова е границата што не дозволува земјава да влезе во зелената зона и да ги укине другите рестриктивни мерки како и целосното отстранување на маските.