Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ – Битола: промена на старите дотраени затворачи во системот

 

ЈКП “Водовод“ – Битола со соопштение кое го пренесуваме во целост, граѓаните ги известува активности, за промена на старите дотраени затворачи, во кое се вели:

-Почитувани корисници,

Ве извсетуваме дека започнуваме со промена на старите дотраени затворачи, во водоснабдителниот систем во Општина Битола.

Целта на акцијата е заштита на животната средина и овозможување на непрекинато водоснабдување на што поголем дел од граѓаните при појава на дефект, со ограничено затворање на областа на водоснабдувањето.

Кога се врши одредена активност или санација на дефект поради застарени затворачи, се затвораат поголеми делови од градот, токму поради тоа се превземаат овие активности во интерес на сите граѓани, корисници на водните услуги на ЈКП “Водовод“ – Битола.

ЈКП “Водовод“ – Битола, Ве известува дека секој планиран прекин на водоснабдувањето поради активности поврзани со промена на застарените дотраени затворачи во воснабдителниот систем, ќе биди најавен претходниот ден, со цел корисниците навреме да бидат информирани за прекинот на водоснабдувањето.

More from ВестиMore posts in Вести »