Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 324 нови случаи на ковид-19, од нив во Битола се 19.
Регистрирани сe 287 оздравени пациенти од Битола се 24.
До сега во Битола има 14.511 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 124 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице, нема од Битола.
Направени се 101 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 83 и преку “Плодност“ 18.
Досега во земјата се направени вкупно 1.930.788 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.548, бројот на оздравени пациенти е 291.431, на починати е 9.162, а бројот на активни случаи изнесува 1.955.