Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: новиот објект наспроти Саат кулата со поголема површина, договорот ќе се раскине, сопственикот да го отстрани

Општина Битола, ја известува јавноста дека:

Во централното градско јадро, наспроти Саат кулата констатирано е дека поставен е нов објект на местото на претходно поставената урбана опрема за која сопственикот имаше склучено договор со Општина Битола за користење на земјиште во општа употреба за поставена урбана опрема. Новиот објект е со поголема површина од утврдената во елаборатот за фактичка состојба на објектот, врз основа на кој беше склучен договорот.

Од страна на општината, констатирано е дека корисникот на земјиштето во општа употреба, ги прекршил одредбите од договорот и согласно тоа пристапено е кон раскинување на договорот, а сопственикот на новопоставениот објект е известен дека треба да го отстрани истиот од земјиштето во рок од 5 дена, во спротивно ќе ги сноси трошоците за неговото отстранување.

За понатамошно постапување, известен е и општинскиот инспекторат.

Општина Битола, во понатамошниот период, ќе продолжи со постојана контрола на терен, со цел градот, со своето автентично градско јадро, да продолжи да се развива во согласност со законската регулатива како привлечно место за нови инвестиции и можности за економски, туристички и културен напредок,.

More from ВестиMore posts in Вести »