Press "Enter" to skip to content

Поштенски плик по повод 100 години од раѓањето на Народниот херој Вангел Нечевски-Тунелот (фотогалерија)

Денес во фоајето на НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола беше прикажан поштенкиот плик по повод 100 години од раѓањето на Народниот херој од Битола, Вангел Нечевски-Тунелот, а денес поштенскиот печат, со неговиот лик, беше достапен во Македонски пошти.Овој настан, промоцијата на пликот на кој е отпечатен ликот на херојот Вангел Нечевски-Тунелот има за цел филателистички материјал да се предаде споменот на неговото дело во наследство за следните генерации. Во соработка со  Македонски пошти, овие пликови се украсени со македонски поштенски марки со слика од родното место, Битола, од Широк Сокак, а нив ги претстави Димитар Белчев, претседател на Сојузот на филателисти на Македонија.Белчев зборуваше за значењето на овој проект, но и за ликот и делото на народниот херој Вангел Нечевски-Тунелот, за неговото ангажирање околу собирањето на оружје потребно за народно ослободителната борба…На настанот беа присутни и  претставници од фамилијата на Вангел Нечевски-Тунелот, претставници од Сојуз на борци од Битола и од Македонски пошти.Во фоајето беа поставени и две филателистички колекции „Јосип Броз Тито“ и „Народните востанија од 1941 година“, за кои зборуваше и ги претстави, исто така Димитар Белчев.