Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот на Новаци во посета на Стопанската комора Сакариа Сатсо во Адапазари, Турција

Триесеттина стопанственици од различни индустриски гранки беа присутни на економскиот форум кој го организираа домаќините од Стопанската комора Сакариа Сатсо во Адапазари за делегацијата од Општина Новаци.-Пред присутните стопанственици ја претставив Општина Новаци, географската местоположба, природните богатства, ресурсите, капацитетите и можностите за инвестиции. Им беше презентирана Индустриската зона Новаци која на заинтересираните инвеститори може да му понуди 20 хектари земјиште распределено на 15 тина парцели, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Стопанственицоте од Сакариа стопанската, комора се интересираа за начинот за купување на земјиштето, начинот на стопанисување, отворање фирми, висината на платите во државата, пазарот на работна сила и слично.-Очекувам после оваа наша заедничка средба и размена на искуства и можности одлична меѓусебна соработка. За нашите членови кои веќе се заинтересирани за Индустриската зона во Новаци на покана на градоначалникот Стевановски ќе организираме посета за да можеме на лице место да се информираме и да направиме нешто за економскиот развој, рече Акгул Алтуг, претседателот на Стопанската комора Сакариа.

Стопанската комора Сакариа брои 15.000 членови од кои 2.000 фирми се занимаваат со тешка индустрија, а работат 190.000 работници.

More from ВестиMore posts in Вести »