НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола продолжува со традицијата, која трае долги години, по повод значални настани, јубилеи и личности да поставуваат изложби на книги, преку кои на читателите ќе им ги претстават книгите кои се наоѓаат во нивните депоа, а се поврзани со темата на изложбата.
Овој пат, по повод Светскиот ден на поезијата, 21 Март, во холот на Библиотеката поставена е изложба на дела од областа на поезијата.
-Светскиот ден на поезијата го обединува светот преку безграничната моќ на стиховите. Поезијата е одраз на слободата, моќта на говорот и составен дел од културата на секоја нација, ќе речат од библиотеката.