Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за марихуана и агресивно однесување, каснување од куче скитник, сообраќајни контроли

На 17.03.2022 на ул.„Крушевска Република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 28 годишник од Битола. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, по што се однесувал агресивно и ги попречувал полициските службеници во извршеување службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.03.2022 во СВР Битола, Ж.Н. од Битола пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.

На 17.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 21 возачи, од кои 9 на територија на Ресен, 2 на територија на Битола, 8 санкции на територијата на Прилеп и 2 во Македонски брод.

More from ВестиMore posts in Вести »