Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Михајло Несторовски, туристички работник и поранешен кошаркар

Денес во Битола, на 64 годишна возраст почина Михајло Несторовски, долгогодишен туристички работник.

Михајло Несторовски, како туристички работник, битолчани ќе го паметат како управител на ТА “Палас“, преку која агенција голем број на битолчани ги реализираа своите туристички патувања, индивидуални и колективни екскурзии.

Несторовски во  раната младост беше истакнат активен спортист, активен кошаркар на кошарларскиот клуб Пелистер и МЗТ Скопје, а краток период во кошаркарски клуб во Америка. Несторовски подоцна беше и тренер на младински екипи при Пелистер.

Мише, како го нарекуваа неговите блиски, ќе остане запаметен како племенита личност со високи морални вредности меѓу своите колеги, другари и пријатели.

Погребот ќе биде утре на Светонеделските гробишта во 13 часот.