Press "Enter" to skip to content

Во Битола 21 нови позитивни на ковид-19, оздравени 15, починато едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.799 тестови, а регистрирани се 273 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 21.

Регистрирани сe 233 оздравени пациенти од Битола се 15.

До сега во Битола има 14.555 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 129 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица, едно починато лице од Битола на возраст од 79 години.), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови.

Направени се во Битола 108 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 81 и преку “Плодност“ 27.

Досега во земјата се направени вкупно 1.933.837 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.140, бројот на оздравени пациенти е 291.952, на починати е 9.172, а бројот на активни случаи изнесува 2.016.

More from ВестиMore posts in Вести »