Press "Enter" to skip to content

На “Славјански“ во Битола започна дводневниот шаховски турнир “Державин 2022“ со 170 учесници (фотогалерија)

Големиот анфитеатар на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола беше претесен да го собере 170 шахисти и останатите кои се дел од шаховскиот турнир, па затоа 0рганизаторот се 0длучи свеченото отворање да биде на 0творено во дворот на Установата.Во име на организаторот сите присутни ги поздрави раководителот Игор Михајловски, кој ја искористи приликата да им се заблагодари на сите 170 учесници, што е рекорд за овој турнир, како и на сите кои помогнаа да се реализира турнорот кој се состои од два турнири во шах “ДЕРЖАВИН 2022“ “А Турнир – ОПЕН“ и “Б Турнир – натпреварувачи“ со возраст до 16 години (родени 2006 и помлади) и рејтинг до 1800.Првата шаховска партија, која заврши мирољубиво, реми, ја одиграа Игор Михајловски и претседателката на Советот на Општина Битола, која претходно на свечениот дел на турнирот рече:-Ме радува тоа што денес има толку шахисти, кои ја имаат и ќе ја имаат поддршката од Општина Битола, но и им честитам на организаторот и целата екипа која ова го реализира. Посебно ме радува и тоа што тука пред мене се обратија и претставниците на двата битолски шаховски турнири, кои го потенцираа квалитетот на самиот турнир. Посебно му честитам на учеството на младите, кои во иднина ќе ги заменат докажаните битолси велемајстори Борче Илиевски и Влатко Богдановски, кои секако се и пример за нив и нивни идоли.Во име на двата битолски клубови кои имаат пријавено шахисти зборуваа претседателот на шаховскиот клуб “Стево Патако“, кој воедно е и директор на турнирот Сашко Павловски и претседателот на “Шах шех“, Зоран Попчевски.На турнирот на кој имаат право на учество сите шахисти со ФИДЕ код. Турнирите се пријавени во FIDE и ќе се рејтингуваат, во “А турнир“ ќе се игра по  Швајцарски систем од 9 кола, според Правилата на ФИДЕ за (Рапид) забрзан шах. Турнирот А ќе се рејтингува во ФИДЕ.Секако најмногу возбуда имаше кај младите шахисти кои пред време беа во салата, а ќе играат по Швајцарски систем од 7 кола.Организаторот обезбедува пехар за победниците на турнирите, медали и дипломи за возрасните категории до 8, 10, 12, 14, 16 години (В Турнир) и ОПЕН (А Турнир), а вкупниот награден фонд изнесува 120.000 денари. Турнирот ќе заврши утре во попладневните часови кога ќе бидат прогласени најдобрите.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »