Press "Enter" to skip to content

Пелистер конечно по 24 кола победи во ПМФЛ, Брегалница поразена во Битола (фотогелерија)

Пелистер – Брегалница 2:0 (1:0)

Екипата на Пелистер, по 24 кола, забележа победа, ја победи Брегалница во Битола, со 2:0 и со тоа ја прекина најлошата серија без победи под Тумбекафе, која ќе биде долго време најдолга, бидејќи “пелистерци“ беа 8 месеци без победа.Пелистер ги запиша првите три бода, а во Битола “падна“ Брегалница со 2:0, полувреме 1:0, во натпревар во кој беа мотивирани за победа, а тоа се исплати во о 23. минута кога Петар Љамчевски  со одличен удар од 35 метри го лобова голманот Петковски и ја затресе мрежата.И во вториот дел “пелистерци“ одлични се поставија, a во финишот на натпреварот Али со прв гол во зелено-белиот дрес ја завери победата.