Денес во 16 часот и 33 минути ќе почне пролетта. Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 11 часот и 13 минути, кога ќе почне летото.
Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и 5 минути, а тоа ќе и астрономската пролет, рамноденица (од ‘aequa nox’, ноќта е еднаква на денот): часовите на светлината и темнината, денес, ќе бидат исти.
И од денес па во претстојните денови светлосните часови постепено ќе се зголемуваат се повеќе и повеќе, сè додека не се достигне максимумот на првиот ден на летото (кое оваа година ќе „падне“ во 9.14 часот на 21 јуни).
Иако температурата е сè уште прилично ниска, пролетта е годишното време кое го означува преминот кон летото. Оваа регуларност била воспоставена за првпат во 325 година од страна на Никејскиот собор за пресметување на христијанскиот Велигден и адаптиран според Грегоријанскиот календар кој се користи и денес. Тогаш 21 март бил одреден како датум на пролетната рамноденица, но се увидело дека не може да биде секогаш на тој ден, бидејќи календарот мери 365 дена во една година, што е незначително помалку отколку што Земјата го поминала целосно патот околу Сонцето (за 365 дена, 5 часа, 48 минути и 49 секунди).
Последен пат рамноденицата “паднала“ на 21 март во 2007 година, а следниот пат ќе биде во 2102 година.