Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: легендата на реалниот аикидо Љубомир Врачаревич во Битола

Во мојата спортска кариера сум имал прилика да присуствувам на гостувања во Битола на голем број на спортски легенди од различни спортови, благодарение на мојот професионален ангажман како спортски нивинар. Сум имал прилика да бидам со многу ракометни, фудбалски, кошаркарски легенди, но и со спортски легедни од боречките вештини, започна со раскажување на своите спортски сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Но, продолжи Миновски, благодарение на битолскиот мајстор и носител на црн појас 7 дан, Ѓуро Илиќ, во Битола беше гостин основачот и легендата на реалниот аикидо Љубомир Врачаревич, од Белград, Србија.Врачаревиќ најпрво преку Илиќ, а потоа и преку други мајстрори од Македонија го пренесе овој релативни нов спорт прво во Битола, а потоа во други градови, каде се формираа клубови и привлекоа многу спортисти, прво со одржување на семинари, а потоа и полагања за појаси.По неговата прерана смрт не прекина соработката на Илиќ со неговиот матичен клуб во Белград, а тоа се продолжи и со неговата ќерка Ана која е наследник на татко и. Ана на неколкупати била во Битола по разни поводи, а исто така македонски мајстрори одржале предавања во Белград. 

More from БитолаMore posts in Битола »