Press "Enter" to skip to content

Музички настан во ски-центарот “Ниже поле“ со Марија Груевска (фотогалерија)

-Досегашната зимска сезона во ски центарот Ниже поле низ бројки, 68 дена денско скијање, 40 дена ноќно скијање, повеќе од 40.000 посетители од Битола и околните градови, 10.000 вљубеници на зимски спортови со еден збор најуспешна зимска сезона од како постои овој центар кој го стопанисува ХС “Стрежево“ од Битола. Со снегот кој се уште го има не завршува сезоната тука, завршува календарски, утре почнува пролетта 21 март… Исто така и Меѓународен ден на водите, а тој повод и успешната зимска сезона  во ски центарот “Ниже поле“ одбележани со музички настан.Имено, ХС “Стрежево“ и “Цермат“ од Битола организираа забава за посетителите кои денес дојдоа да уживаат во убавините на овој ски-центар. Со тоа покрај што уживаа во зимските спортови и снегот кој се уште го има, слушаа и добра музика на битолчанката, Марија Груевска.Чистиот воздух, сино небо, сонце, белилото на снегот придонесоа атмосферата да биде опуштена и весела.  Сите се забавуваа и уживаа  слушајќи ги изведбите на Марија Груевска. Таа се вложи максимално и презентираше музичка програма од разновидни, популарни жанрови кои ја доближаа нејзината музика до пошироката публика, а опуштената атмосфера им ја исполни душата на сите што беа присутни денес на Нижеполе.Директорот Менде Граматковски кој беше денес во ски центарот може да се гордее со овогодинешните бројки и гордо изјави:-Денес со овој музички настан сакавме да ја одбележиме оваа успешна зимска сезона. Вкупно 68 дена зимка сезона со снег, 40 дена ноќно скијање, 40.000 посетители, повеќе од 10.000 скијачи. Можам слободно да кажам дека ова ни беше најуспешна сезона  од основањето на ски центарот “Ниже поле“. Ова ни дава поттик да продолжиме понатаму со надоградување на многу работи, за другата година и додаде:-Би сакал да можеме да донесеме топови со вештачки снег за вљубениците во зимските спортови уживаат подолго. Оваа година ја имавме таа среќна околност што со снежните врнежи се продолжи сезоната за зимски спортови. Денес со овој настан сакавме да го одбележиме и меѓународниот ден на водите. Се надевам дека идната сезона ќе има уште вакви настани, бидејќи сега со намалување на бројките на заболени и пуштање на мерките ќе бидеме послободни во нивно организирање. Досега заради пандемијата на сакавме да се прават гужви и можности за ширење на вирусот корона, а овде доаѓаат голем број посетители. Заради сето ова се трудевме да бидеме крајно професионални.На самиот крај, иако зимата си заминува, тука не завршуваат впечатоците на сите што оваа исклучителна сезона со многу снег уживаа на падините на Нижеполе.-Нема ни да изчезнат моментите кои ги создадовме заедно, затоа што тие ќе продолжат и понатаму и во следната зимска сезона. Но ќе кажам дека нашето Ниже поле е убаво во сите годишни времиња. Поради студеното време и големата снежна покривка ќе има уште викенди со што ќе ја продолжиме сезоната за скијање на радост на вљубениците зимските спортови, вели Горан Марковски, раководител на ски-центарот “Ниже Поле“.

Ж.Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »