Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките поразени во Скопје

Вардар Жени 2019 – Пелистер Волеј 3:1

(21:25; 25:17; 25:19; 25:10)

Во рамките на 4. коло од втората фаза екипата на Пелистер е поразена од екипата на Вардар Жени 2019, во еден многу важен натпревар и за двете екипи.

За овој значаен натпревар тренерот Роберт Митковски вели:

-Сосема заслужена победа на домаќинот. Иако отворивме фуриозно и одигравме еден од најдобрите сетови оваа сезона на највисоко врвно ниво, сет кој го добивме со 25:21 (а во еден момент беше и 21:15) сепак тоа не беше доволно за да издржиме во ритам до крај со поискусната екипа на Вардар. Вториот сет имавме контрола до 13:12 кога по првиот тајм аут на домаќинот, ние сосема неразбирливо го спуштивме нивото на играта, па една голема серија не оддалечи од посакуван епилог, а за одлучувачкиот трет сет ни рече:

-Во третиот сет отворивме доста добро со 4:0 на моменти беше и 10:07 за нас но повторно по прекинот од тајмаут ние загубивме чекор, домаќинот направи пресврт, а ние се заканивме таму некаде кај 18 поен кога се доближивме за последен пат во сетот. Четвртиот сет веќе немавме никаква контрола и противникот сосема заслужено ја однесе победата и трите бода.

Од клубот додаваат дека најголемиот проблем е во грешките кои го надминаа бројот на освоени поени што само по себе говори дека во еден момент биле противници на самите себе, но шансата ќе ја бараат во последните два натпревари.

Поените ги освоија:, Ева Трпеновска 17, Ана Ивановиќ 10, Меланија Каралиоска 9, Стефани Најдановска 4, Ивана Белокозовска 4, Михаела Цветановска 2, Анастасија Ристевска 1 и Андреа Стојановска 1.

More from СпортMore posts in Спорт »