Press "Enter" to skip to content

Претставници на Општина Битола ја пречекаа на аеродром европската шампионка Оливера Наковска-Бикова

Европската шампионка, битолчанката Оливера Наковска Бикова, утрово пристигна од Норвешка, каде на Европското првенство во стрелање со воздушен пиштол, освои златен медал.

На Меѓународниот аеродором во Скопје ја пречекаа, претставниците од Општина Битола, Гордана Цветковска Бошевска и советникот Зоран Петковски, претседател на Комисијата за спорт, кои и посакаа топло добредојде, честитајќи и за постигнатиот успех и заблагодарувајќи и се за нејзината несебична посветеност, со која преку бројни спортски успеси ги промовира Битола и Македонија, во европски и светски рамки.

Општинските претставници и пренесоа отворена покана на Наковска – Бикова за средба од Градоначалникот Тони Коњановски, кој го иницираше денешниот пречек.