Попладнево во Битола заврши дводневниот шаховски турнир “Державин 2022“ во организација на Славјанскиот институр “Державин“ на кој учествуваа 150 шахисти од пет држави.На доделувањето на наградите на најдобрите шахисти беше присутен и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој ред да го додели наградите на најдобрите пред присутите во анфиетатарот на “Славјански“ рече:
-Ме радува тоа што квалитетот е на повисоко ниво и дека има толку голем број на шахисти од пет држави. Тука ги гледам мои пријатели, колеги кои го сакаат шахот како спортска дисциплина која е многу племенита, а се радувам и што гледам битолски шахисти.
Победник на турнирот е Филип Панчевски, репрезентативец, кој игра прва табла во дресот на Македонија со освоени 8 поени. Панчевски доби златна плакета, диплома и парична награда од 20.000 денари.
Второ пласиран е Емил Ристевски со 7 поени, а на трето место Тони Лазаревски исто така со 7 поени.
Во младинска категорија, шахисти под 18 години, победници се Викторија Велевска и Матеј Звездаковски.
Во категорија ветерани над 65 години победник е Константин Присаѓанец, а Александар Нолевски е надобро пласиран шахист кој нема рејтинг.
Најдобро пласиран битоланец е Марјан Христовски од шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола.

Филип Панчевски победник на шаховскиот турнир “Державин“, Марјан Христовски најдобар шахист од Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Семејството не е бројка, семејството е љубов”, трибина на Форумот на жени на СДСМ-Битола (фото)
- Архан Арслановски е финалист на Светскиот клуб за младинци во Естонија, Стефанија Алексовска на 12. место
- “Битола е градот“, концерт на КУД “Илинден“ во Офицерски дом (фотогалерија)
- Граѓаните да не даваат пари на непознати лица по контакти преку телефон, има пријави за измама, апелираат од СВР Битола
- КК Пелистер казнет со вкупно 153.000 денари, Илиевски ќе паузира еден натпревар, Стајиќ два, за инцидентот и прекинот во Гостивар
More from СпортMore posts in Спорт »
- Архан Арслановски е финалист на Светскиот клуб за младинци во Естонија, Стефанија Алексовска на 12. место
- КК Пелистер казнет со вкупно 153.000 денари, Илиевски ќе паузира еден натпревар, Стајиќ два, за инцидентот и прекинот во Гостивар
- Градско фудбалско дерби, Јени Мале и Олд Бојс играа без голови
- Бабиќ и Танковски на прес по завршувањето на Купот, финалето голема битка која ја решија повредата на Периќ и одбраните на Томовски
- За Нед До од светското во Сер, Грција во Битола се враќа со пет златни медали