Press "Enter" to skip to content

Амбасадорката на Романија-Адела Моника Аксинте во посета на Општина Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со Амбасадорката на Романија Н.Е Адела Моника Аксинте, конзулот на Романија во Битола, Александру Мамакис и професорот Николае Станчу – лектор по романски јазик.

На средбата, се разговараше за понатамошната соработка на економски план, за што амбасадорката информираше дека, одредени компании од Романија, заинтересирани се да инвестираат во Битола. Градоначалникот Коњановски, потврди дека локалната самоуправа е отворена за соработка во оваа насока, со цел зголемување на инвестициите во општината.Исто така, беше ставен акцент на соработката која ја има воспоставено битолскиот универзитет со универзитетот од Јаш во Романија, како и за можноста за возобновување на иницијативата за збратимување на Битола со романскиот град Јаш.

Градоначалникот Коњановски, беше информиран и за други тековни активности на романската амбасада, меѓу кои и подготовките за отворање на романски информативен центар во Скопје.