Друштвото на писатели “Битолскиот книжевен круг“ од Битола, во рамките на меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“, објавува конкурс за годишните награди за необјавени книги поезија, проза и книжевна критика (за автори од Македонија), и награда за книга од странски автор напишана или преведена на македонски јазик.
Сите награди се состојат од диплома, печатење и промоција на наградените книги.
Ракописите, комплетно графички уредени да се испраќаат на адреса bkkmanifestacija@gmail.com, во Word и pdf формат до 30 април 2022 год.
Во категоријата поезија обемот на ракописите да биде од 60 до 80 страници, во категоријата проза – од 80 до 100 стр., додека во категоријата книжевна критика од 100 до 130 страници. Ракописите се испраќаат во А5 формат, фонт Times New Roman со единечен проред и големина на фонтот 11 pt.
На конкурсот немаат право да се пријават членовите од раководството на Друштвото на писатели “Битолскиот книжевен круг“ – Битола и досегашните добитници на награди во која било категорија.