Press "Enter" to skip to content

Кадетките на Пелистер Волеј се пласираа во 1/4 финале

Пелистер Волеј – Вардар Жени 3:0

(25:23; 25:08; 25:15)

Кадетските на Пелистер Волеј се пласираа во 1/4 финалето откако одиграа одличен натпревар кој го завршија со унедлива победа. “Пелистерки“ освен во првиот сет, во кој како да се загреваа, блеснаа во наредните два сета и ја декласира екипата на Вардар Жени 2019 со максимални 3:0.

По младинките еве и кадетките на Пелистер Волеј се меѓу најдобрите 8, а наредната недела тоа се очекува и од пионерската екипа.

-Неизмерно сме радосни што нашиот младински погон секоја сезона е во врвот на македонската одбојка и Пелистер веќе е докажана квалитетна школа која непрестајно произведува нови играчи, што воопшто не е лесно, дотолку повеќе што истите овие девојки имаат пеколно темпо и во првата одбојкарска лига, а до скоро играа и за КУП натпреварите, па често се случува да патуваат со стотици километри и да играат по 5 натпревари во 7 дена, вели Владимир Трифуновски, тренер на кадетките.

Поените ги освоија: Христина Трајчевска 12, Ева Трпеновска 11, Анастасија Ристевска 9, Василиче Наумоска 9, Биљана Јаковлевска 2, Мила Андоновска 1 и Евгенија Ристовска 1.

More from СпортMore posts in Спорт »