КБК Енерџи од Битола, како дел од македонската делегација на европскиот “SERBIA OPEN 2022 – WAKO EUROPEAN CUP K1“кој се одржа во Краљево, Србија се представи со 4 натпреваруваци и донесе 4 медали.
Медали на ова значајно натпреварување прво место освои Јован Апостоловски – 71 кг. јуниор во К1 дисциплина. Исто така и Ивона Кецевска – 60 кг јуниор категорија киклајт освои златен медал.Второпласирана во Краљебо беше Марија Димовска – 65 кг. категодија кадети и Ана Марија Наумовска – 52 кг. во категорија јуниор, фулконтакт го освои третото место.
-Сакам да им го честитам на моите борци освојувањето на медалите на меѓународното натпреварување во Србија, каде како дел од македонската делегација се прикажавме во одлично издание. Имаме четири медали кои во Битола го донесоа четворица млади кик-боксери, пред кои е иднината, секако со многу успеси и медали ако продолжат со тренинзи и работа, вели нивниот тренер Александар Димовски.