Кик Бокс клубот Самурај од Битола викендов учествуваше на “SERBIA OPEN 2022 – WAKO EUROPEAN CUP K1“ кој се одржа во Краљево.
На ова големо натпреварување учествуваа над 250 натпреварувачи од повеќе држави.Кик боксерката Леа Бошевска од нашиот град во финалната борба тесно загуби од натпреварувачката од Израел, Јулија Сачков, која е повеќекратен светски и европски првак. Со тоа Леа Бошевска го освои сребрениот медал.
-Оваа борба за мене е едно големо искуство како дебитант во сениорските води. Во периодот што следува не очекуваат уште вакви предизвици како на домашни така и на меѓународни натпреварувања на кои се надевам на добри резултати и медали, со што ќе го потврдам репрезентативниот статус, ни рече Бошевска по враќањето во Битола.