Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: продолжуваат градежните активности на улиците “Македонска фаланга“ и “Цане Василев“

Се известуваат граѓаните на општина Битола, дека од утре 22.03.2022 година (вторник), продолжуваат градежните активности на улиците „Македонска фаланга“ и „Цане Василев“.

Заради изведување на работите согласно предвидената динамика, Општина Битола ги известува граѓаните, дека потребно е возилата да бидат отстранети од коловозите и прописно паркирани, со цел да не ја попречуваат работата на механизацијата на терен.