Press "Enter" to skip to content

Пелистер во победи Вредноснице Осијек во АБА2 лигата, во последниот “балон“ во Широки Бријег

Пелистер – Вредноснице Осијек 97:78

Кошаркарите на Пелистер во рамките на последниот “балон“ од АБА2 лигата, кој се игра во Широк Бријег ја победија екипата на Осијек, а тоа е трета победа во ова регионално кошаркарско натпреварување. 

Почетокот на натпреварот и припадна на екипата од Осијек, а “пелистерци“ не успеваа да најдат одбранбени решенија за играта на противникот, а хрватите имаа предност 8:15, а потоа 17:23, колку и заврши првиот квартал. И во втората четвртина хрватите имаа предност, во 14.минута беше 29:36. Потоа следуваше добра игра на “пелистерци“ за на одмор да се отиде со три поени разлика  во нивна корист 45:42.

Во продолжението Пелистер, во третата четвртина постигна 30 поени, а примија само 15, за резултат 75:57. Во онаа последната четвртина Пелистер ја потврди победата  97:78.

Најефикасни кај Пелистер Кесар и Малешевиќ со по 16 коша, Николиќ со 13 и Стајиќ со 10 поени.

Пелистер наредниот натпревар ќе го игра против екипата на Хелиос в среда.

 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »