Јавното комунално претријатие “Водовод“ од Битола денес го одбележа Светскиот ден на водите, 22 март, а по тој повод околу четириесетина наши најмлади битолчанчиња ја посетија филтерницата на ова јавно претријатие.Директорот на ЈП “Водовод“ од Битола, Пеце Милевски за Светскиот ден на водите рече:
-Денес е 22 март, Светскиот ден на водата, а ние во “Водовод“, односно во фабриката за вода – Филтерницата имавме едикативна посета од дечињата од градинката “Мајски цвет“ и на тој начин го одбележавме значењето на водата. Ги запознавме децата каква вода пијат битолчани, стручните лица им го прикажаа процесот на прибирањето на водата, третманот на водата во Филтерницата, каде се третира, обработува водата, а потоа како се дистрибутира водата до граѓаните во регионот.
За тоа како битолчани ја трошат водата Милевски додаде:
-По повод денешниот ден сме со порака, капка по капка да ја штедиме природата, односно да ја цениме водата која макотрпно се прибира, третира и дистрибуира до граѓаните. Секое правилно користење на водата значи дека ние ја цениме, го цениме трудот на сите вработени во “Водовод“, а и целата природа. А, денешната потрошувачка навода во Битола е околу 450 до 500 литри на вода од Филтерница, што е во рамките на нормалното.
Ивона Јаневска, раководител на одделението за санитарна контрола и третман на вода за пиење за квалитетот на водата која е во градскиот водовод и ја користат граѓаните рече:
-Би можела да им кажам на граѓаните да ја пијат водата бидејќи е безбедна и сигурна и контролирана во Филтеницата во одделението за санитарна контрола кое работи 24 часа на ден. Водата се проверува на секои два часа, како и водата која ја добиваме од Пелистер и во летниот период од “Стрежево“. Исто така се проверува и чистата вода на излез кон Битола, а исто така и се контролираат и над 60 мерни места во градот Битола и околните села, на места кои ни се поголеми потрошувачи, според правилникот за безбедна и квалитетна вода за пиење. Водата секогаш е според сите параметри на овој правилник на сите пунктови на цела мрежа.
Дечињата по посетата на филтерницата, хемиските лаборатории најповеќе се задржаа на големиот релјеф на влезот во зградата, каде колку можеа според нивната возраст да видат и да запаметат како се движи водата.
Дечињата беа подготвени со пригодни текстови за водата и нејзиното значење, испеаја неколку песнички за водата и си поиграа во дворот на филтерницата.
Домаќините во знак на сеќавање на посетатата им дадоа подароци, чаши за млеко, на кои е претставено значењето на водата и Светскиот ден на водата.
С. Ристевски