Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на Ковид-19, во Битола се 19.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 284 оздравени пациенти од Битола се 17.
До сега во Битола има 14.594 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 136 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е еден смртен случај, нема од Битола.
Направените во Битола се 70 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 49 и преку “Плодност“ 21.
Досега во земјата се направени вкупно 1.941.593 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 303.728, бројот на оздравени пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а бројот на активни случаи изнесува 1.913.