Press "Enter" to skip to content

Коњановски по посета на компанија “Холмак“ од Битола

Со цел подобрување на економската состојба во општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски, продолжува со соработка со бизнис секторот. Во таа насока, денес со својот тим, реализираше посета на ХОЛМАК ДООЕЛ Битола, компанија која постои повеќе од 15 години и има над 50 вработени, а се занимава со производство на топлотни изменувачи и друга разладна опрема, која не е применета во домаќинството.

Претставниците на ХОЛМАК ДООЕЛ Битола, го информираа градоначалникот за нивната работа, како целосно извозно насочена компанија, која е дел од големата мултинационална корпорација од Германија (Centrotec Sustainability). Исто така, информираа и за нивното големо искуство во реализацијата на повеќе успешни проекти, а како општествено одговорна компанија ја потенцираа својата заинтересираност за соработка со локалната самоуправа во интерес на развојот на економијата во општината.

Градоначалникот Коњановски, на денешната средба, нагласи дека, локалната самоуправа, ќе даде поддршка на сите идеи и иницијативи кои се насочени кон создавање подобри услови за живот на сите граѓани во општината.

More from ВестиMore posts in Вести »