ЈП “Стрежево” – Битола денес спроведе акција за расчистување на дивите депонии по повод Светскиот ден на водите, 22 март. Еколошката акцијата се изврши во месноста Превалец, во близина на Собирниот канал, а учествуваа вработените со вклучена механизација на претпријатието.-Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци oд диви депонии (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат позитивен ефект кон расчистување на овој дел од сливното подрачје на Хидросистемот Стрежево од отпадоци. Собирниот канал овозможува зафаќање на дел од водите на седум реки од Баба Планина и нивно доведување до месноста Превлец, каде се внесуваат во сливот на реката Шемница. Стрежево посветено работи на зачувување, заштита, обновување и унапредување на квалитетот на животната средина, а со цел достапност, заштита, зачувување и постојано подобрување на расположливите водни ресурси во наша надлежност, рече директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски, кој упати и апел:
-Апелираме граѓаните внимателно да управуваат со отпадот и да го одлагаат на места предвидени за таа намена, а со цел да не загадува животната средина.
Светскиот ден на водите на глобално ниво оваа година се одбележува под мотото “Подземните води – го прават невидливото видливо”.

Светски ден на водите ЈП “Стрежево“ – Битола го одбележа со акција за чистење
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола: јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди
- СВР Битола: приведено лице барано со потерница
- Понудата и побарувачката на вештини презентирани на ФИКТ – Битола
- Денес во 19 часот, на плоштадот “Магнолија“ во Битола, протест “Сите сме Јана“
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 10 степени