Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на КОВИД-19 од Битола се 25.
Регистрирани сe 258 оздравени пациенти од Битола се 20.
До сега во има Битола 14.619 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 141 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице, нема од Битола.
Направени се во Битола 81 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 62 и преку “Плодност“ 19.
Досега во земјата се направени вкупно 1.944.313 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а бројот на активни случаи изнесува 1.973.