Екипите на “ЈП Комуналец“ од Битола, ја исчистија обиколницата над Битола, по синоќешното фрлање и палење смет на самата сообраќајница, кое е за прв пат по поставувањето на заштитните ѕидови.
Поради огнот од запалениот смет обиколницата беше затворена вчера вечер, а причината за палењето од локалните жители на Баирот е немањето на електрична енергија на дел од семејствата.