Press "Enter" to skip to content

Одбележана 116 годишнината од загинувањето на војводата Ѓорѓи Сугарев

По повод 106 годишнината од загинувањето на војводата Ѓорѓи Сугарев денеска беше положено цвеќе на неговото вечно почивалиште оддавајќи му почит за неговата голема жртва и дело, а делегацијата да предводеше градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

Цвеќе положија и п ретставници на Советот на Општина Новаци, предводена од претседателката Славица Најдовска-Стојковска.По панихидата на гробот се организираше пригодна свеченост во конаците на манастирот “Св. Ѓорѓи“ во Паралово, Општина Новаци.

Ѓорѓи Сугарев е македонски револуционер, член и војвода на Битолскиот револуционерен округ кој загинал во 24 март 1906 година кај село Паралово, на пат за Мариово, по извршеното предавство поради лични интереси. Ѓорѓи Сугарев ги истрошил сите куршуми, а со последниот се самоубил. Со него загинала и целата негова чета. За Ѓорѓи Сугарев и неговото загинување, народот ја испеал песната “Заплакало е Мариово“.