Press "Enter" to skip to content

Преку програмата “ЕУ за  општините“ ќе се подобруваат условите за живеење

По интензивниот период на подготовки и формално одобрување, денеска го имаме задоволството да го означиме почетокот на 19 нови проекти, сите финансирани од ИПА инструментот на Европската Унија, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на конференцијата “ЕУ за  општините“.

Исто така денеска ќе бидат потпишани и договорите за кофинансирање на 11 проекти за прекугранична соработка со Албанија од вториот и третиот повик. Вкупната вредност за двете држави е 10,7 милиони евра грант од Европската Унија. Половина од овие средства, преку проекти, ќе се реализираат во нашата држава. Националното кофинансирање од 15 насто за нашите проекти го обезбедува Министерството за локална самоуправа. 

-Проектите се партнерски и тоа е нивната додадена вредност, ги имплементираат општини, установи, граѓански организации и со нив се подобруваат условите за живеење во Охрид, Битола, Могила, Демир Хисар, Маврово и Ростуша, Крушево, Ресен, Струга, Врапчиште и  Боговиње. Вмрежувањето, партнерствата и градењето на капацитети се заеднички влог во нашата европска иднина, за што очекуваме уште поголема и подиректна поддршка и признание од Европската Унија, рече министерот Милевски. 

На конференцијата се обратија ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на Швајцарија Вероника Хулман, амбасадорот на Албанија, Фатош Река, претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска, а он-лајн се вклучи Јасна Габрич, копретседавач со Заедничкиот консултативен комитет на локални и регионални власти меѓу Северна Македонија и Европската Унија. 

More from ВестиMore posts in Вести »