Press "Enter" to skip to content

Продолжена соработка, “Стрежево“ и РЕК “Битола“ потпишаа нов договор за снабдување на РЕК со вода од езерото Стрежево

ЈП “Стрежево“ и АД ЕСМ, подружница РЕК “Битола“ го потпишаа договорот за снабдување на РЕК „Битола” со сурова вода од акумулацијата “Стрежево“. Директорот на ЈП “Стрежево“ – Битола, Методија Граматковски, и директорот на РЕК „Битола”, Пеце Матевски, го потпишаа договорот со кој “Стрежево“ ќе обезбеди 12.000.000 m³ непреработена вода на годишно ниво за потребите на РЕК „Битола”.

Потребните 12.000.000m³ вода за 2022 година се обезбедени во целост. Хидросистемот „Стрежево” му испорачува вода на рударско-енергетскиот комбинат „Битола” за непрекинато, квантитативно покривање на потребите од сурова, непреработена вода во термоенергетската сфера, односно за ладење на разладните кули на блоковите, ладење на кондензаторот на турбината, ладење на лежиштата од поголемите електромотори и за други намени.

На средбата меѓу првите луѓе на „Стрежево” и РЕК „Битола” беше потенцирана искрена заложба за развој на сигурна енергетска иднина, инвестирање во обновливи извори на енергија, како и соработката во оваа насока меѓу двете институции за заемно искористување на капацитетите на знаење и техничка поддршка.

Стрежево продолжува со посветена работа во реализација на предвидените заеднички цели со АД ЕСМ, со јасна стратегија, долгорочна визија во сите сегменти од заеднички домен на работење.

More from ВестиMore posts in Вести »