Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени дилери на марихуана, пријава за нарушување ред и мир, пожар во стан

На 22.03.2022 на ул.„Охридска“ во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога во СВР Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 36 години. При преглед во возилото во кое се превезувале, кај едното лице била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава. 

На 22.03.2022 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Битола  33 годишно лице од Битола го нарушил јавниот ред и мир со карање, викање, непристојно и дрско однесување. При преглед кај него бил пронајден и одземен остар предмет. По докуменирање на случајот ќе следи соодветна пријава. 

На 22.03.2022 во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во стан на 75 лице на ул.„Димче Лахчански“ во Битола. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »