Press "Enter" to skip to content

Сообраќајната полиција со камери ќе ја документира постапката при контрола на возачите (фото)

Сообраќајната полиција се почесто може да се види низ Битола на патиштата каде се врши засилена контрола на возачите и возилата, а битолчани кои беа застанати за рутинска контрола деновиве имаа прилика да бидат известени, на почетокот на контролата, дека целата постапка се снима и се документира.Денес новинарите имаа прилика да видат на лице место како се одвива целата постапка на излезот од Битола, каде сообраќајната полиција контрола на возачите и возилата.Мобилна камера поставена на полициската униформа ја снима целата постапка на контролата, каде полицискиот службеник ја вклучува камерата, по што ја започна постапката за сопирање на возилото и извршување идентификација и контрола на возачот. Полицаецот при првиот контакт му кажува на возачот дека сето ова се снима.Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова рече дека  СВР Битола од неодамна ги користи овие камери во сообраќајот, а целта зголемување на квалитетот на документирање на прекршоците и професионалноста на полицискиот службеник.-Овие камери се обезбедени преку проектот ИЦИТАП програма на Одделот за правда на Владата на Соединетите Американски Држави наменета за Единиците за сообракај. Секторот за внатрешни работи Битола од неодамна започна со нивно употребување кое за нас како полиција со себе носи голем бенефит што многу значи и за нас и за граѓаните како учесници во сообраќајот. Со мобилниот систем за снимање не само што ќе се добие на квалитет и документирање на прекршоците туку истовремено се подига и квалитетот на полициското постапување,неговата професионалност и транспарентност.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »